Стаинер не сака 11та екипа на гридот

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинрт, не гледа потреба да се менува бројот на екипите на гридот.

ФИА отвори Тендер за искажување на инетрес за влез на нови екипи во тркачката серија, а шпекулациите говорат дека веќе има неколку заинтересирани страни на кои не им е проблем да платат 200 милиони долари на име развонднување на идната добивка, иако екипите сметаат дека износот треба да биде поголем поради тоа што тркачката серија многу пораснала од скоро.

Најголем инетрес покажуваат американците од Андрети, поточно Мајкл Андрети, синот на Формула 1 првакот од 1978 година, Марио, кој потврди за време на Гранд При трката во Мајами дека се пред предавање на својата Понуда до ФИА, а паралелносе работи со полна пареа на пронаоѓање персонал за идните операции.

Хаас е последна нова екипа која стана дел од гридот во 2016 година, но Стаинер не гледа потреба од поголема гужва во серијата.

не сум во позиција да знам што може нова екипа да донесе во спортот, но мислам дека ако имаме повеќе екипи нема да биде позитивно и анјдобро е да останеме на моменталните 10, тоа го сакаат тимовите. ако одиме со проширување, може да стигнеме до 11, до 12 па и 13 екипи, не знам дали е тоа во ред.

на крајот, фиа и фом се занимаваат со тоа и може точно да одредат дали има потреба да се проширува гридот затоа што сите екипи се солидни во секој поглед.

подолго време нема нов екипа, а тркањето станува погусто од порано. финансиски сите се стабилин и не гледам потреба да го нишаме бродот кој одлично плови – посочи гунтер.

Актуелниот Конкорд договор го ограничува спортот на максимални 12 екипи се до 2025 година кога истиот е на важоност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ