Стаинер не смета дека новите правила ќе го променат поредокот

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека е наивно да се мисли дека екипа како неговата може да се бори за победи на трки согласно новите првила од 2021 година.

Планирана промена на спорткиот и техничкиот правилник во Формула 1 паралелно со ограничување на трошењето е надеж за поизедначена тркачка серија по долгата доминација на Мерцедес, Ферари и Ред Бул во турбо В6 хибридната ера.

Џин Хаас, сопственикот на тимот сеуште размислува за иднината не неговата екипа во врвната моторспорт тркачка серија, додека шефот на екипата смета дека е погрешно да го лаже својот газда дека екипата има шанси за победа во иднина.

наивно е да се мисли дека ќе се бориме за врвот и тоа нема да се случи. мислам дека е тешко да го убедам во тоа џин затоа што и самиот тешко да поверува, но најдобро разбира и мислам дека не треба многу да му објаснувам, треба да одлучи што сака да прави и како да ги троши своите пари наменети за маркетинг.

доволно разбира и нема потреба да му кажувам дека од 2021 година ќе победуваме. се согласувам со него и одлуката е негова – смета стаинер.

Италијанецот смета дека ограничувањето на трошењето сеуште ќе биде преголеми за да им дозволни на малите екипи да имаат шанса да се борат при врвот.

мислам дека треба да има втор чекор во ограничување на трошењето затоа што во спротивно тоа што е планирано нема да се сучи затоа што со оваа цифра малите екипи треба да го засилат трошењето за да стигнат до таа бројка. не мислам дека сме подготвени да потрошиме толку пари затоа што сите бараат повраток на инвестицијата.

секако дека заостатоците очекувам да се намалат во 2022 годин или 2023 година, ќе биде добро потоа да се ревидира ограниувањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ