Стаинер подготвен за повеќе инциденти помеѓу неговите возачи

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, откри дека е подготвен за повеќе инциденти помешу неговите двајца возачи сезонаа.

Мазепин и Шумахер за малку ќе направеа голема глупост буквално пред финишот на Азербејџанското Гранд При во Баку, каде Мик се обиде да го мине русинот кој агресивно затвори.

кога се на патека, не можам целосно да ги контролирам. двајцата се млади, имаат его и сакаат да се покажат силно и само иднината ќе покаже кој ќе биде подобар. се договоривме некои работи и се надевам дека грешки од таков вид нема да се повторуваат.

не можам да бидам целосно сигурен дека проблеми помеѓу нив на патеката нема да има затоа што тие се оние кои ги контролираат болидите, тие се конкурентни тркачки. ако во иднина има инциденти, мораме да ги менаџираме и да се носиме со нив.

ако нема борба ќе стане здодевно, но се надевам дека научија лекција од азербејџан и нема да повторуваат такви ситуации – посака гунтер.

Стаинер беше запрашан дали Ферари има можност да го одземе Шумахер од Хаас доколку продолжат да се повторуваат инцидентите со Мазепин, на што тој одговори дека ситуацијата е претерана.

ако инцидентите влијат на иднината, не знам што ќе се случи, немам кристална топка да предвидам. мислам дека целата ситуација е претерана и не е толку лоша како што медиумите се обидуваат да ја пренесат.

се случи нормален тркачки инцидент затоа што двајцата се боре еден со друг. ако не беше помеѓу двајца возачи од иста екипа, немаше да има толку пишување, но во моментов е така, се борат еден против друг затоа што нашиот болид е пребавен за да се бори против другите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ