Стаинер прилично уверен во напредок за следната година

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека е прилично уверен околу шансите на Хаас во 2020 година откако направија напредок при крајот на тешката 2019 сезона.

Американската екипа помина низ фрустрирачка сезона откако имаа проблеми со својот болид, а Роман Гросжан и Кевин Магнусен имаа проблеми со перформансите поради потешкотии со пневматиците низ целата сезона.

Откако се обидоа со поинаква спецификација во обид да најдат решение за проблемите, Хаас конечно почнаа да напредуваат во последните трки со мали подобрувања, а Гросжан возеше со нов под во Абу Даби.

Знаеме многу работи за следната сезона, а тоа докажува дека сме напреднале. Немавме доволно време да провериме повеќе работи и да собереме повеќе податоци, бидејќи колку повеќе имате, толку подобро.

Но откако го вративме подот, модифициравме повеќе работи по Остин и тоа беше причина да го вратиме повторно за да се осигураме дека се движиме во правилна насока, поради тоа сум уверен во следната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ