Стаинер реагираше на излетувањето на Џовинаци

Гунтер Стаинер, тимскиот шеф на Хаас, изјави дека излетувањето на Антонио Џовинаци на првиот тренинг било поради силниот ветер. 

Италијанецот на првиот тренинг излета и удри во заштитната оград,а но успеа да го врати болидот во гаражата. Сепак, се чини дека неговата спојка изгорела и болидот мораше да се поправа поради што тој не можеше да продолжи. 

Добро е што болидот беше подготвен за вториот тренинг. Тој ја изгоре спојката бидејќи прегреа и не сакавме да ризикуваме со брза промена без проверка за да не го загубиме вториот тренинг.

Болидот беше целосно среден. Не сум зборувал со Антонио, но мислам дека налета на ветер. Првиот круг беше добар.

на вториот тренинг се враќа Кевин со експериментални прототип гуми. Ќе се потрудиме да извадиме максимум. 

Излетувањето на Џовинаци му ја скрати сесијата која траеше само четири кругови. На наредните трки во Мексико и Абу Даби, на првиот тренинг ќе вози Пјетро Фитипалди. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ