Стаинер: Сите очекуваат проблем меѓу Магнусен и Хулкенберг

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, изјави дека има доста почит помеѓу неговите возачи, Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг и покрај претходната нивна историја. 

Двајцата возачи се тркаа меѓу себе во Саудиска Арабија каде Магнусен се обидуваше да напредува и да ги освои првите поени за него. Стаинер изјави дека не бил нервозен што ги гледа двајцата возачи и покрај нивната историја и претходните проблеми. 

Не бев нервозен бидејќи тие соработуваат заедно и не можам да замислам да се случи нешто погрешни кога се на патеката. Мислам дека има доста почит помеѓу нив и тие знаат дека нема момент во кој ќе забраниме да се тркаат меѓу себе или дека нема да им помогнеме. Затоа сум релаксиран. Знам дека сите очекуваат дека повторно ќе има тензии – посочи гунтер.

Стаинер ги пофали перформансите на Хулкенберг од почетокот на сезоната откако ги освои првите поени во Австралија завршувајќи на седма позиција. 

Знаеме што сака тој и со неговото искуство тој сеуште е брз што ни го покажа уште од првата трка. Навистина работи напорно за да ги предизвика другите. Немам што да се пожалам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ