Стаинер: ФИА направи грешка со црно-портокаловото знаме за Магнусен

Гунтер Стаинер посочи дека ФИА направиле грешка што му го покажале на Кевин Магнусен црно-портокаловото знаме во Унгарија бидејќи неговото предно крило било сосема безбедно

Стартувајќи од 13то место за Големата Награда на Унгарија, данецот имаше одличен почеток и веќе беше во позиција за поени на крајот од првиот круг. Сепак, тој возеше со скршен страничен дел од предното крило, кој беше навален странично.

Иако Хаас првично го остави возачот надвор на патеката, ФИА сметаше дека скршеното предно крило е опасно и му го покажа црно-портокаловото знаме што значеше дека тој мораше да влезе во бокс за промена.Стаинер смета дека тоа било грешка.

Кевин очигледно имаше оштетување на предното крило, но всушност според нас тоа беше грешка на ФИА што не натера да го внесеме во бокс – рече тимскиот шеф на Хаас.

Предното крило беше очигледно безбедно да се продолжи, така што загубивме половина круг и поради тоа нашата трка беше завршена.

Ова е втор пат оваа сезона на Магнусен да му се покаже знаме за скршено предно крило, Данецот исто така влезе во бокс во Канада по жалбата на Естебан Окон дека бил опасен. Магнусен не беше среќен тогаш, а немаше среќа ниту во неделата.

Нашата трка беше уништена поради тоа што моравме да се бориме со црно портокаловото знаме. Имав благ контакт на почетокот со еден од Мекларените, не можев да го избегнам и не беше толку лошо, па бев изненаден што го добив знамето – изјави Магнусен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ