Стаинер: Ф1 не треба да претерува со промените на форматот

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, ја предурпеди Формула 1 да не менува претерано во тркачкиот формат за да го подобри спектаклот по низата најави дека ќе се менува за да се донесе не интерес.

Формула 1 веќе некое време бара подобрувања за д асе подобри забавата за време на Гранд При тркачките викенди, желбата е да се скуси форматот од сегашните три тренинзи. Така, се дојде до идејата за куси спринт трки, формат кој сеуште се тестира и годинава ќе има дури 6 викенди со куси спринтови.

Стаинер е еден од поддржувачите на воведувањето на посебни квалификации за спринтот пред кусата трка во Сабота, но предупреди против претерани промени во тркачкиот формат со цел да се зголеми шоуто.

една сесија може да биде натпреварување или трка, друго не може. не може да кажете дека некој победил на тренингот затоа што со тоа тренингот го правите трка. ако има некоја награда на крајот, сите ќе се тркаат , а тоа може да ја намали вредноста на главната трка.

мораме да бидеме внимателни да не претераме со промените, да менуваме малку, секогаш да менуваме нешто само ако претходното не е во ред, но и да не се плашиме да пробаме нешто различно, да не се држиме тврдоглаво кон старото. тоа е моја идеја и мое мислење.

токму така дојдовме и до идејата аз спринт викенди затоа што на почетокот многумина беа против тоа, но мислам дека сеа сите се задоволни. воибичаенот тркачки викенд е добар и за сега треба да остане во сезоната – вели стаинер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ