Стаинер: Хаас требаше да бидат похрабри во Барселона

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека американската екипа била занесена од брзината на нивниот болид во предсезонскиот тест минатата година во Барселона и не биле доволно храбри веднаш да ги признаат грешките на ВФ19.

Хаас се уназадија во 2019 година, перформансите на тимот зависеа од аеродинамиката на болидот и од проблемите со пневматиците, за кои неколку подобрувања не се покажаа како решение. Од петто место во 2018 година, Хаас болно паднаа на деветто место по тешката сезона. Стаинер сепак признава дека проблемите со болидот требало да бидат јасни од почетокот, а уште повеќе по првите подобрувања на Шпанското Гранд При, откако освоија само 8 поени во првите четири трки.

Кога почнавме во Барселона, возачите не беа сигурни дека сме напреднале, Но никој немаше храброст да каже дека нешто не функционира, бидејќи болидот беше брз. Податоците не изгледаа добро, но брзината беше присутна и секако верувавме во позитивен исход. тоа беше погрешно. Барселона беше посебен случај, нашиот болид функционираше добро на патеката. Продолживме и кога забележавме дека се движиме во погрешна насока, веќе беше премногу доцна.

Ако бевме похрабри во Барселона, немаше сега да бидеме во оваа ситуација. Сепак, убеден сум дека во 2020 година ќе бидеме каде што бевме во 2018 година, или барем многу блиску до тоа ниво на перформанси. Никогаш не се знае секако, бидејќи и другите тимови играат улога. Но работиме повторно како порано и тоа ми дава самодоверба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ