Стаинер: Шумахер мора да го стигне Магнусен

Кевин Магнусен успеа да донесе поени на три од пет извизени трки оваа сезона, додека неговиот колега Мик Шумахер сеуште нема освоено поени. 

Гунтер Стаинер, шефот на екипата, се надева дека тоа наскоро ќе се промени. Минатата година, Шумахер беше подобар од својот колега, Никита Мазепин, но по доаѓањето на Магнусен работите се променија. 

Мислам дека не направи голем чекор во текот на зимата. Оваа година има друг возач за споредба со враќањето на Кевин.

Кевин е добар возач и сега Мик треба да се спореди со него и да стигне до негово ниво, Но тој знае дека мора да го направи тоа што поскоро и да освои поени – посочи стаинер.

Гунтер признава дека го предупредил Шумахер за предизвикот со кој се соочува тимот за да се бори напред на гридот. 

Тој станува поискусен и му кажав дека времето доаѓа. Се потешко е и мора да одиме напред. Поените се важни за многу луѓе бидејќи има и други добри екипи. 

Хаас е во моментов на осма позиција со 15 освоени поени, сите од страна на Магнусен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ