Стаинер ќе објави книга Surviving to Drive

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер ќе ја објави својата книга насловена Surviving to Drive во која тој ќе зборува за работите во тимот во текот на оваа сезона. 

Стаинер стана омилен лик по серијата на Нетфликс поради начинот на кој зборува. 

Книгата Surviving to Drive ќе биде како еден вид дневник на изминатата сезона која беше доста турбулентна за Хаас со заминувањето на главниот спонзор и давањето отказ на рускиот возач. 

Наместо Мазепин дојде Кевин Магнусен кој на првата трка освои поени за тимот и ја освои првата пол позиција за тимот. На крајот на сезоната Хаас одлучија да не го продолжат договорот на Мик Шумахер и да го донесат Нико Хулкенберг. 

Мислам дека избрав доста активна година во која ги документирав повеќето работи што се случија. Никогаш не сум правел дневник но мислам дека е добро што се документираа доста работи за добрите и лошите работи во тимот. Напорно работевме и сметам дека ни се врати вложеното. Мислам дека книгата ќе биде успешна и наредната година ќе биде доста успешна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ