Стела потврди дека сите екипи си ја вратиле загубената потисна сила

Андреа Стела, новиот тимски шеф на Мекларен, откри дека сите екипи ја вратиле потисната сила која ја загубиле со малите промени на правилата од почетокот на оваа сезона.

Како одговор на силното потскокнување од почетокот на минатата година кое се појави како резултат на враќањето на земјениот ефект за создавање на потисна сила, болидите силно потскокнуваа и губеа перформанси. Поради тоа, ФИА реши да направи подигнување на подот за да се отстрани феноменот на потскокнување и тоа за 15 милиметри на страничните делови, што донесе губиток на потисна сила.

Николас Томбазис, главниот и одговорен инженер на ФИА за отворените едноседи, педантно пресмета дека губитокот на потисна сила од ревидираниот под ќе изнесува околу половина секунда по круг.

Но, со силниот развој на екипите од почетокот на оваа сезона, дел од истиот е насочен и кон враќање на потисната сила, а како резултат на тоа, Андреа Стела посочи дека тимовите ги вратиле загубените 5 десетинки од почетокот на годината.

мислам дека сите екипи ја вратија загубената потисна сила и тоа уште од првата трка затоа што развојот беше агресивен. болидите сега дефинитивно ссе побрзи од ланските затоа што сите работат на развојот од првата трка и се побрзи од лани.

некои екипи ги решија проблемите со прекумерната тежина, искрено и ние бевме претешки и добивме на време само поради тоа дефинитивно болидите се побрзи од лани како поради аеродинамика така и поради тежина – посочи стела.

Времињата по круг се особено пониски на последната трка во Мајами, но за тоа делумно е виновен и целосно новиот асфалт. Така, пол позицијата во Бахреин била за 8,5 десетинки побрза од ланската, додека на Џеда овогодинешните болиди биле побрзи за само 7 стоинки. Во Австралија и Азербејџан саботниот круг бил за огромни 1,1 секунди побрз во 2023 година, додека во Мајами за енормни речиси 2 секунди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ