Стриминг сервисот ќе чини 7 фунти ?

Комерцијалниот шеф на тркачката серија, Шон Брачес, изјави дека сопствениот стриминг сервис согласно планот ќе биде достапен пред почетокот на 2018 година. Деталите околу истиот се оскудни, единствено се знае дека Формула 1 сака и друг тек на приходи независен од продажбата на телевизиските права.

Постоечките телевизиски договори како на пример оној со Sky Sports во Велика Британија и Италија, значи дека сервисот нема да биде достапен во тие земји.

Повторното заживување на нашата дигитална платформа е подолго време планирано. Денеска тоа не чини пари само нас, а фановите не можат да симнуваат ексклузивна содржина.

Новина е што ќе понудиме директен стриминг сервис како за преноси во живо така и за снимки. Фановите ќе бидат во можност да имаат податоци директно од болидите.

Еден дел од сервисот ќе биде овозможен за сите, додека другиот дел ќе мора да се плати. Знаете, бесплатната телевизија значи гледаност, но сериозните пари се во платените преноси.

Идеално, 25-30% од трките би требало да бидат бесплатни, а другите да се наплатуваат. Тоа е на сила во Франција и некои други земји, но постојат и земји каде треба да се разработи тој модел – посочи Брачес.

Скорешниот извештај на Morgan Stanley околу растот на Формула 1 предвидува дека платената верзија на стриминг сервисот ќе чини 6,99 фунти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ