Строл: Грешката во боксот ме чинеше победа

Ленс Строл смета дека грешката што ја направил кога излегувал од боксот при промената на гуми го чинело победа на Шакирското Гранд При.

Канаѓанецот беше пред Естебан Окон и Серхио Перез кога излегуваше од боксот по промената на гумите. Тој со незагреани гуми отиде прешироко во првиот свиок и тогаш беше престигнат од Окон, губејќи позиција.

Подоцна, тој не беше во можност да го предизвика Окон, а Перез се приближуваше и го престигна во четвртиот свиок.Иако трката ја заврши на трето место и дојде до вториот подиум сезонава, не го криеше разочарувањето поради шансата за победа.

Дел од мене е разочаран што не победив. Малку сум разочаран од излезот од боксот и поради тоа Естебан ме престигна. Подоцна немав брзина, Ги блокирав тркалата и Серхио ме помина, но немав брзина да го престигнам Естебан.

среќен сум за тимот. Ова е неверојатен резултат со двоен подиум и тоа ни требаше – вели ленс.

За грешката што ја направи кога Серхио Перез го помина тој изјави:

Серхио беше добар и јас се бранев, Но не успеав во тоа бидејќи ги блокирав тркалата. Супер среќен сум за Серхио. Има уште неколку трки со тимот и предолго чека за победа, затоа сум пресреќен за него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ