Строл со стар мотор во борба за трето место

Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл, признава дека во моментов ги вози последните километри со стариот мотор и на тој начин ќе се бори за клучната трета позиција кај конструкторите во Абу Даби. 

Рејсинг Поинт водат со 10 поени предност пред Мекларен и 22 пред Рено во борба за  награден фонд вреден милиони долари. Задачата на Рејсинг Поинт е потешка со тоа што Серхио Перез доби нов мотор и ќе стартува од крајот на гридот, додека Строл ќе го задржи стариот мотор кој дефинитивно има загубено дел од силата.

Строл изгуби еден мотор по страшниот судар на Муџело и сега го користи последниот мотор пред казна. Со овој има поминато доста километри, а ќе стартува од 11та позиција во Абу Даби пред двете Рено, но зад двата болиди на Мекларен. 

Сега ги возам последните километри од моторот, а Чеко има нов мотор. Поради излетувањето на Муџело загубив еден мотор. Тој беше сплескан и морав овој да го возам долго време, Но не сакам да зборувам за тоа.

Имавме неколку трки каде не бевме сигурни дали да направиме промена, но стигнавме до крајот. Утре ќе има долга трка и се може да се случи. Ќе се бориме со Мекларен, но тие имаат подобра стартна позиција – објасни младиот канаѓанец. 

Строл призна дека може да нема доволна брзина на трка. 

Можеби десетинка по круг, Но се може да се случи. Имаме добар болид, добра стратегија и со добар старт може се да се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ