Тилке призна дека патека во Лас Вегас е огромен предизвик

Главниот архитект на Формула 1 патеките, дизајнерот Херман Тилке, призна дека создавање на патека низ улиците на Лас Вегас, помеѓу огромните хотелски комплекси е огромен предизвик со кој ќе се соочи.

Се поголемата популарност на спортот во Америка донесе и трето Гранд При во државата, овој пат во градот на забавата и коцкањето, Лас Вегас, каде се планира улична патека во стогиот центар на градот на популарниот the Strip. Првичните информации се дека патеката ќе биде долга 6,12 километри со 14 кривини во срцето на градот.

Огромен предизвик е да се направи патека која ќе минува буквално пред легендарниет хотелски комплекси Caesars Palace, the Bellagio и the Venetian, заштитни знаци во градот на коцкањето. 

во лас вегас се најголемите хотели на светот кои се буквално поставени на средина од патеката. го имаме The Venetian со над 6.000 кревети, а до него е четвртиот најголем хотел The Wynn. има толку многу хотелски соби околу патеката што е неверојатно.

тука е и лас вегас булеварот со најживите улици во светот, а патем мора да се тргнеме од патот на казината, рестораните и продавниците и колку што можеме помалку да сметаме.

изградбата бара неверојатна организација и не смее да има грешки, поради што предизвикот е преголем. мораме да направиме се во најкусо можно време и без да се погреши. луѓето не смее да трпат поради трката, таа треба да биде дополна на ионака градот кој не спие, само дополнително шоу.

мислам дека сите ќе сакаат да бидат присутни, многумина веќе ме прашуваат дали можам да им најдам соба. клучно за мене е се да мине без проблеми и никој на крајот да не се жали дека не може да функционира поради затворени улици. предизвикот е како никогаш до сега – откри тилке.

За дизајнерите, секогаш е потешко да се направи улична патек одошто наменски автодром.

уличните патеки секогаш се тешки затоа што се размислува на многу работи. про, најважно е луѓето да може да си стигнат до домовите и неможе едноставно да затворате делови од градот. ви треба проток на автомобили низ патеката затоа што може да се јави некоја итна потреба за тоа. ако на некој му треба амбуланта, мора да може да мине истата без притоа трката да се стопира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ