Тимовите ќе добијат дополнително олеснување за Спринт трките

Поради зголемувањето на бројот на Спринт трки, Формула 1 тимовите треба да добијат зголемување на нивните одбитни трошоци.

Спринт трките сега се потврден дел од календарот на Формула 1, а нивното вклучување дополнително ќе се прошири за сезоната во 2023 година.

Шест настани се планирани во текот на следната година, споредено со трите што се одржаа и во 2021 и во 2022 година додека се пробуваше новиот формат.

Порано во годината имаше некои несогласувања околу удвојувањето на бројот на саботните настани, но термините беа финализирани помеѓу Ф1 и ФИА.

Во сезоната во 2022 година, тимовите имаа додаток од 150,000 американски долари по Спринт трка што требаше да се одбие од трошоците на крајот на годината, со дополнителни 100,000 долари достапни за поправка на штета на болидите.

Со оглед на бројот на Спринт трки во 2023 година, оваа бројка ќе се зголеми.

Според извори од Комисијата за Ф1, во 2023 година тимовите ќе можат да одбијат 300,000 долари од секоја Спринт трка како трошоци.

Ова значи дека во шесте што се во моментов планирани, секој тим може да одземе вкупно 1,8 милиони долари за да ги вози своите болиди во дополнителните настани.

Предложените измени нема да стапат на сила додека официјално не бидат одобрени од светскиот совет за моторни спортови, кој заседаваше на 7 Декември.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ