Тимот на Hitech GP го потврди интересот за влез во Ф1

Откако најавија ново акционерско партнерство со казахстанскиот бизнисмен Владимир Ким, тимот на Хајтек Гранд При ја потврди својата апликација за влез во Формула 1 во 2026 година.

Веста доаѓа откако познат Формула 1 новински портал претходно откри во Март дека плановите во врска со потенцијалниот Ф1 проект на Хајтек ГП се во подготовка.

Тимот на Хајтек со седиште во Силверстон, кој моментално се натпреварува во секоја категорија од пониските серии со едноседи во Ф2, Ф3 и Ф4, изрази интерест да се приклучи на врвната категорија по 20 месеци планирање и обемна подготовка.

Оваа вест беше откриена заедно со објавата дека казахстанскиот бизнисмен Владимир Ким стекнал 25 проценти удел во Хајтек Глобал Холдингс Лимитед. Главниот имот на Ким, кој е ентузијаст за моторспорт, се во рударскиот, банкарскиот и воздухопловниот сектор.

Извршниот директор на Хајтек Глобал Холдингс, Оливер Оукс, изјави за партнерството:

Среќен сум што му посакам добредојде на Владимир Ким во групацијата Хајтек.

За време на нашите дискусии најдовме многу природни синергии и знам дека неговата поддршка ќе биде непроценлива додека се обидуваме да го надградиме успехот на Хајтек и да работиме кон постигнување на нашите пошироки цели во текот на годините кои следуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ