Тимо Глок: Сеидл може да го однесе Мекларен на врвот

Поранешниот Формула 1 возач, Тимо Глок, смета дека неговиот сонародник, Андреас Сеидл, може да го однесе Мекларен на врвот во Формула 1.

Лани Сеидл беше назначен за шеф на Мекларен и имаше многу значајна улога во напредокот на тимот и пласманот како најдобри од останатите, на 4то место во конструкторскиот поредок, пред фабричкиот тим на Рено кој ги снабдува со мотори.

се што се случи лани е благодарение на андреас сеидл. тој промени многу мали работи кои донесоа многу големи резултати. се покажа одлично, а мекларен повторно стана топ 5 екипа.

сигурен сум дека плодовите на неговата работа ќе бидат повеќе видливи во иднина, а со добар пакет тие ќе може да напредуваат до топ 3 и да ги вознемират големите екипи – најави глок.

Германецот работеше со Сеидл во неговото време минато во БМВ Заубер во 2007 година и смета дека личноста на Андреас целосно одговара на тимот на Мекларен.

тој е многу приземен и работи само според фактите. знае како да се однесува со луѓето и е одличен да ги согледа силнит естрани на луѓето кои ги поставува на вистинските позиции.

беше многу лесно пристапен, искрено, можевте да го задевате, но тој продолжуваше да работи неверојатно силно. многу е нормален и никогаш не се менува поради ништо. тој е онаков каков што е, нема да се промени и тоа го прави посебен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ