Тод сака да избегне преклопување на Ле Ман со Ф1

Претседателот на ФИА, Жан Тод, цели следната година да не се случи историскиот 24 часа Ле Ман да биде во исти викенд со некоја трка од Формула 1 календарот.

Како што беше случај годинава, Ле Ман се случува во истиот викенд кога Формула 1 е слободна помеѓу трката во Тоскана и Русија, но според оригиналниот календар, тоа не требаше да биде случај и требаше да биде во ист викенд со Канадското Гранд При. Поради пандемијата, трката во Монтреал беше одложена. 

Наредната година Ле Ман ќе биде дел од скратен календар на ВЕЦ и Тод се надева дека нема истиот викенд да има Формула 1 трка на програмата, иако сепак нема гаранција за истото. 

Јасно е дека ќе направиме се што може меѓу ВЕЦ и Формула 1, Но зависи од Формула 1 дали може да биде во различна временска зона. Ќе дадеме се од себе тоа да не се случи. 

Формула 1 оваа сезона имаше рекорден првично планиран календар со 22 трки, но поради пандемијата овие планови не се остварија. Сепак, Извршниот директор Чејс Кери, има надеж за нормален календар наредната година. 

Не сме објавиле календар за наредната година бидејќи фокусот е се уште на оваа. Многу сме близу до финализирање на наредната година. Има неколку договори да се средат и истите се веќе подготвени. Нема да има проблем со тоа, Тоа се обични разговори кои започнаа пред вирусот и нема да има проблеми.

Мислам на некој начин важноста е да се вратиме насекаде како приоритет за календарот за 2021 година. Планираме таа сезона да биде како што очекувавме и оваа да биде. Мора да сфатиме дека поминаа пет месеци откако започна пандемијата и седум месеци од почетокот на новата сезона. Тоа е долг период со разговори за вакцини и лекувања кои треба да еволуираат. Имаме трки во 22 земји што прави дополнителни проблеми – потенцираше кери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ