Тост откри кои се најбрзите двајца возачи со кои работел

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, е човек кој работел со низа млади и талентирани возачи во текот на својата долга Формула 1 кариера како тимски шеф на малата екипа од Фаенца.

Помеѓу возачите со кои соработувал се четирикратниот првак Себастијан Фетел, двократниот и актуелен првак Макс Верстапен, повеќекратниот победник на трка, Даниел Рикардо како и актуелните возачи на Алпин односно Ферари, Пјер Гасли односно Карлос Саинз. Од возачите кои се нагридот, Алекс Албон и Јуки Тсунода исто така се негов производ.

секако дека не е воопшто лесно да посочам кои се најбрзите возачи со кои сум работел, но би рекол макс верстапен и би рекол себастијан фетел. беа најбрзи, во спротивно немаше да победат на толку многу трки и да освојуваат титули.

но, тука се и останатите кои не беа многу побавни, но, едноставно тука е и тајмингот, не беше секој во вистинско време на вистинското мессто, понекогаш беа во погрешна екипа и слично – посочи 67-годишникот.

Осврнувајќи се на своите 18 години минати во спортот, Тост посочи дека го исполнил она што Ред Бул го очекувале од него.

кога дитрих матешич реши да го купи минарди, целта беше да ги обраува младите возачи од академијата и токму тоа го правевме. имавме силни возачи како себастијан и макс. знам дека тие потоа многу победуваа и освојуваа титули, но сите што мина ни тимот се одлични.

имаше и возачи кои не отидоа во ред бул, но одлично се развиваа и напреднаа и се многу добри и брзи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ