Тост отсекогаш знаел дека Фетел е одличен возач

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, откри дека уште од самиот почеток бил убеден дека Себастијан Фетел ќе има голем успех во Формула 1. 

Тост е шеф на Торо Росо уште кога Фетел се приклучи на тимот во 2007 година и имаше претходно една трка само како замена за Роберт Кубица. Фетел остана во тимот и наредната година и дојде до својата прва победа на Монца што беше наградено со место во сениорскиот Ред Бул. 

Кога дојде кај нас, тоа значеше нови идеи и многу прашања на кои требаше да му одговориме. Тој беше целосно посветен на Формула 1. Навлегуваше во детали и најважно, секогаш беше во добро расположени независно од проблемите со болидот. Тој го носеше тимот напред и како резултат на тоа дојдовме до победа. Тоа беше прва победа за него и за тимот.

Беше јасно дека ќе биде голем возач. На крајот освои четири титули. Бев сигурен дека ќе стане шампион во вистинско време во вистински тим. Подоцна беше победник и со Ферари. 

Тост е сега шеф на ребрендираниот АлфаТаури и зборуваше за пензионирањето на Фетел на крајот на сезоната. 

Ќе ни недостасува. Лично мислам дека тој е одличен карактер кој е доста ведар и отворен. Му посакувам се најдобро во иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ