Тост: Тсунода носи голема сила во тимот

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, смета дека младиот јапонец, Јуки Тсунода, носи голема сила во екипата и покрај тоа што му претсои многу учење во својата дебитантска Формула 1 сезона годинава.

По успешната Формула 2 сезона минатата година, во која патек заврши на 3то место кај возачите, тој дојде во Формула 1 како дел од Академијата на Ред Бул и штитеник на Хонда. Тој е првиот возач роден во 2000-те години кој ќе се трка во Формула 1, а можностите за привикнување му се ограничени проади 1,5 денови официјален тест кој ќе ги добие.

Тост е убеден дека и покрај тоа што Тсунода ќе се соочи со вообичаените предизцици за еден дебитант, тој ќе блесне уште во својатра прва сезона во спортот.

очекуваме многу да учи годинаа и многу брзо да стигнеме до одлични перформанси со него. секако дека ќе има и падови, тоа е дел од развојната програма, но тоа што е феноменално кај него е контролата над болидот, како и кочењето и брината низ летечките кривини.

ако продолжи да учи како до сега, како на тестовите на имола и абу даби лани, сигурен сум дека ќе гледаме фантастични трки од него сезонава – свесен е тост.

Јуки возеше лани на Имола со Торо Росо од 2018 година пред тестот за млади возачи на крајот од сезоната во Абу Даби, а годинава тимот веќе му организираше два тесто со болид од 2019 година на Имола и во Мисано. Со оглед на тоа што во тимот го има одличниот Пјер Гасли, Тост смета дека тој може многу да му помогне на младиот дебитант.

пјер е одличен возач кој го има неопходното искуство да биде наш лидер и да му помогне на јуки. секој возач се споредува најпрво со својот колега и од тоа зависи колку ќе се притисне да напредне.

јуки може многу да научи од пјер во врска со се, може да ги споредува времињата по круг, сетирањето на болидот и линиите на возење. тоа е многу важно на патеки кои за јуки ќе бидат нови.

ако имате силен и искусен колега тогаш можете да споредите многу параметри и на тој начин силно да напреднете.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ