Тојота го потврди Алонсо за Дакар 2021

Тојота го потврди учеството на Фернандо шпанецот Алонсо за трката Дакар Рели Реид во 2021 година, трка која премиерно ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Двократниот Формула 1 шампион ќе учествува во легендарниот настан од 5ти до 17ти Јануари, возејќи го Тојота Газоо Рејсинг Хилукс 4х4, а Марк Кома ќе биде негов совозач и помош при навигацијата. Во тимот на Тојота, кој е составен од 4 автомобили, ќе возат и шампионот Насер Ал-Атија, јужноафриканскиот поранешен победник на релито, Жиниел де Вилер како и Бернхард тен Бринке.

Учеството на Алонсо всушност не беше под знак прашалник откако шпанецот се посвети на напорна подготовка во која учествуваше на трките Лихтенбург 400 во Јужна Африка и релито во Мароко каде се пласираше на 26то место.

Алонсо ќе тестира за Тојота во Тарагона во Петок и Сабота, пред да учествува на Ула Неом Рели во Саудиска Арабија од 4ти до 9ти Ноември.

Ќе тестирам како да ги преминувам пречките и севкупно теренот, Дините исто така. морам да се здобијам со повеќе ритам, повеќе брзина и да не заглавам. Со Марк. колку повеќе километри поминеме, толку е подобро.

Сето ова е новина и за него. Тој нема повеќегодишно искуство. Малку по малку и двајцата се подобруваме – вели Алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ