Тојота победи на Ле Ман по четврти пат

Тојота Газоо Рејсинг дојде до четвртата последователна победа на легендарната 24 часа Ле Ман со автомобилот број 7 на 89та историска трка и прва во новата ера на хипер автомобили. 

Ова е прва победа за возачкиот состав Кобајаши, Конвеј и Хозе Мариа Лопез кои долги години возеа со вториот автомобил број 8. Автомобилот стартуваше од пол позицијата и го преживеа хаосот од првиот час за да подоцна да го постави водството. 

За разлика од него, вториот автомобил имаше контакт и се изврте поради што мораше да застане на правецот Мулсан и да се рестартира. Возачите Накаџима, Буеми и Хартли се вратија на втора позиција, но немаа шансаа за победа поради проблем со резервоарот.

Третото место му припадна на автомобилот со број 36 на Алпин Елф Матмут кој го возеа Николас Лапиер, Андре Негрео и Матиус Ваиксивиер кои исто имаа проблеми на почетокот и при крајот го освоија подиумот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ