WEC, Себринг: Доминација на Тојота, милион грешки за останатите

Тојота постигна доминантна 1-2 победа на трката 1000 милји на Себринг, лесно совладувајќи го предизвикот од Ферари на нивното деби во светскиот шампионат во издржливост.

Тојота ГР010 Хибрид управувано со број 7 од Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Марија Лопез го победи сестринскиот автомобил со број 8 на Себастиен Буеми, Брендон Хартли и Рио Хиракава на отворањето на WEC на меѓународната патека Себринг.

Автомобилот број 8 водеше за воведната половина од трката, но број 7 го презеде водството по особено брзото излетување од Лопез во петтиот час. Претходно, Хартли успеа да ја задржи својата позиција на врвот, дури и кога мораше да направи две влегувања во бокс брзо едноподруго во четвртиот час, вклучително и еден за надополнување гориво под целосно извеено жолто знаме.

Автомобилите беа на само половина секунда разлика, а преостанаа 90 минути додека Кобајаши и Буеми презедоа, но Буеми извести дека неговиот автомобил бил многу тежок за возење во сообраќајот и падна на повеќе од 10 секунди додека трката влезе во последниот час.

Таа разлика се зголеми повеќе од двојно по бавниот последен питстоп за број 8, што значи дека нивната битка беше завршена и тие мораа да се задоволат со второто место, одбележувајќи ја 40та победа на Тојота во WEC конкуренцијата.

Зад нив, со два круга заостанување, се водеше жестока битка за последното место на подиумот. Ферарито 499П со број 50 кое Антонио Фуоко го квалификуваше на пол позиција водеше на почетокот, но како и во Формула 1 со Ферари, стратешката одлука под раното безбедносно возило имаше контраефект. Тимот го повика во бокс, но во исто време повика и еден од автомобилите во ГТЕ, по што двајцата возачи си попречија еден на друг.

Фуоко доби казна при рестартирањето за претекнување за време на безбедносно возило која значеше возење низ бокс и дополнителна казна од 5 секунди за непочитување на правилната процедура, додека сестринскиот автомобил број 51 имаше дополнително заостанување и падна во средина на поредокот во Хиперкласата.

На два часа до крајот, Алесандро Пјер Гуиди во болидот број 51 го пресече Франческо Кастелачи од ГТЕ во свиокот 15 во близина на влезот во боксот, се изврте и удри во едно Порше од ГТЕ, удирајќи го неговиот лев заден агол. Пјер Гуиди мораше да го вози Ферари-то на три тркала до боксовите каде загуби 20 минути на поправки.

Пред тоа, автомобилите на Ферари уживаа во неколку забавни битки на патеката со дуото на Порше Пенске Мотороспорт 963 и единствениот Кадилак В-серија Р.

Кадилак, возен од Лин, Ерл Бамбер и Ричард Вестбрук, за малку пропушти да се пласира на подиумот и да ги порази Ферари. Порше 963 заврши далеку на петто и шесто место,со уште два круга заостанување.

Пежо претрпеа катастрофална трка, со голем број технички проблеми што ги оставија двата автомобили 9X8 ЛМХ на поправки на подолг период. Број 94 наиде на проблем со менувањето на брзините на самиот почеток на трката, со дополнителни проблеми со складирањето на енергија со висок напон подоцна што го паркираше автомобилот во гаражата на неколку часа.

Сестринскиот автомобил број 93, исто така, имаше проблематично возење, со инцидент помеѓу Микел Јенсен и Ванвол Вандервел 680 на Естебан Гериери што ја надополни мизеријата на францускиот бренд. Пежо исто така поминаа 1 минута во боксот само за промена на налепницата со бројот на автомобилот.

Единствениот Ванвал непречено возење во трката се додека Жак Вилнев наиде на големо извртување поради дефект на суспензијата, а поранешниот светски шампион во Формула 1 беше принуден да се врати во боксот.

По поправките, Ванвал се опоравија и успеа да се пласираат пред фабричкиот тим на Пежо.

Единствениот Гликенхаус се повлече од трката откако Роман Дума застана на патеката на свиокот 17 во вториот час поради електричен проблем.

Следната трка во WEC е закажана за 16ти Април на патеката во Портимао, Португалија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ