Три ДРС зони за првата трка во Бахреин

Формула 1 возачите ќе имаат на рсполагање три ДРС зони за Бахреинското Гранд При претстојниот викенд.

Одложената трка беше повторно закажана за крајот на сезоната, а по неа ќе следува уште една на истата патека, но ќе користи различна конфигурација од автодромот.

Големата награда на Бахреин ќе има три ДРС зони, исто како и минатогодишната трка која се одржа во Март 2019 година.

Првата зона ќе биде 23 метри по 3та кривина од патеката, втората ќе биде 50 метри по 10та кривина од патеката, додека последната ќе биде 170 метри по 15от свиок кон главниот правец. Секоја зона има своја зона на детекција, првата е 50 метри по првата кривина, втората е 10 метри пред 9та кривина, а последната 110 метри пред 14иот свиок.

Единствена промена во однос на лани и точката за детекција на 3та ДРС зона коај е поместена два метри поназад.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ