Трката во Австрија доби дозвола

Оваа Формула 1 сезона ќе започне во Австрија, на Ред Бул Ринг, со планирани трки на 5 и 12 Јули откако организаторите добија дозвола од Австриската Влада. 

Во последните недели Формула 1, Ред Бул и локалните власти водеа разговори за безбедносниот план за почетокот на трките. Министерот за здравство на Австрија, Руди Аншобер, изјави дека се е завршено со евалуацијата и процесите и се чека на финална одлука. 

Сега веќе работите се забрзани и Формула 1 ќе започне со европскиот дел од сезоната. Безбедносниот протокол е донесен и се одобрени два тркачки викенда со ограничена публика. Лимитот е 500 гледачи, но сеуште нема точни детали. 

Сите кои ќе дојдат на патеката треба да дојдат со чартер летови директно до Ред Бул Ринг и да слетаат на воениот аеродром блиску до патеката. Сите кои ќе влезат во Австрија од Формула 1 ќе бидат тестирани на влез и мора да добијат здравствен сертификат. 

Доколку се помине во најдобар ред, Формула 1 се сели во Будимпешта на 19 Јули додека потоа се планирани две трки на Силверстон во Август, но се зависи од здравствените планови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ