Трката во Бахреин најгледана во САД од 1995 година

Првата трка од Формула 1 календарот која се возеше во Бахреин минатиот викенд, привлече публика од 1,5 милиони американски гледачи според ЕСПН, што ја прави најгледаната Формула 1 трка на кабловскиот оператор од 1995 година.

Во просек, воведниот круг на сезоната Формула 1 во 2022 година во Шахир привлече 1,3 милиони гледачи во САД, но завршните фази на возбудливата трка привлекоа дополнителни 200,000 гледачи. Метриката, која беше измерена од аналитичката компанија Нилсен, беше значително зголемена во споредба со Гранд При на Бахреин во 2021 година, која генерираше просечни 927.000 гледачи, според ЕСПН.

Мрежата во сопственост на Дизни соопшти дека минатонеделната трка со победа на Шарл Леклер од Ферари, привлекла повеќе гледачи на кабловска од која било друга трка во светскиот шампионат во Формула 1 од Големата награда на Бразил во 1995 година, која во просек имаше 1,75 милиони гледачи.

Профилот и популарноста на Формула 1 во САД се зголемени со успехот на серијата Drive To Survive на Нетфликс, која дебитираше во 2019 година и која сега е во својата четврта сезона. Растот на Формула 1 во Америка му овозможи на носителот на комерцијалните права, Liberty Media, да додаде втора трка во земјата, при што Мајами ќе му се придружи на Остин оваа година во календарот на Формула 1.

Но, присуството на спортот во САД најверојатно ќе продолжи да се проширува со шпекулациите за Либерти дека е блиску до склучување договор со Лас Вегас кој би можел да се приклучи на спортот во 2023 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ