Трката на шампионите се враќа догодина … на мраз

Трката на шампионите, натпреварување во кое тркачи од различни класи се тркаат еден против друг ќе се врати на програмата следната година, но за д биде поинтересно, истата ќе се одржи на мраз.

Последното издание на настанот се случи во 2019 година, победи Бенито Гера додека на Купот на нациите победија нордијците Јохан Кристоферсон и Том Кристенсен. Минатата година истата се одржа како онлајна симулација, а победи Тими Хансен.

Следното издание догодина ќе биде на посебно дизајнирана патеката на замрзнатото Балтичко Море во Пит Хавсбанд, Шведска.

откако трката на шампионите се организираше во некои од најпрестижните дестинации како олимпискиот стадион гнездо во пекинг, стад де франс во париз, лондонски вембли, огромна чест е што ќе можеме да го организираме настанот во мојата родна шведска – изјави еден од основачите на трката на шампионите и претседател на настанот, фредерик јохансон.

секогаш бараме начини за да донесеме нови и возбудливи тестови пред некои од најдобрите возачи на светот. во минатото тоа беше многу тесна патека во стадион, но овој пат ќе можеме да изградие подолга и потесна патека со гледачи околу. настанот ќе биде како ништо до сега видено, ќе биде врвен тест за контролата на возачите.

Возазчите кои ќе учествуваат на настанот сеуште не се пријавени, а во минатото учествуваа Формула 1 ѕвездите Себастијан Фетел, Михаел Шумахер и Џенсон Батон, како и пилоти од Ле Ман, Наскар, Индикар, Светскиот рели шампионат и Реликрос.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ