Трка на шампионите: Бенито Гуера победник

Мексиканската рели ѕвезда, Бенито Гуера е изненадувачки победник на овогодинешното издание на Трката на шампионите, настан кој се одржа во Мексико Сити, односно Форо Сол стадионот на Автодромот Ерманос Родригез.

Се случија неколку интересни битни, Инди Лајтс првакот, мексиканецот ПАтрицио О`Вард, го победи ланскиот победник Дејвид Култхард, а најголем интерес предизивка трката помеѓу ученикот и учителот, Мик Шумахер против Себастијан Фетел. Помладиот победи откако претходниот ден заедно, тимски, загубија во финалето и не и донесоа титула на Германија во тимската борба, беа поразени од Нордиската екипа.

Шумахер го победи Себастијам но загуби следната рунда од Естебан Гутиерез, кој влезе во полуфиналето кое го сочинуваа тројца мексиканци и французинот Лоик Дувал кој загуби во финалето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ