Германија повторно победи на Трката на шампионите

Германија повторно победи на Трката на Шампионите и стигна до 8те последователна победа на тоа нтпреварување. И порај отсуството на Себастијан Ветел германците повторно беа најбрзи на наптреварувањето кое годинава се одржа во Саудиска Арабија.

Лани Ветел сам ја донесе титулата за Германија откако Паскал Верлејн се повреди во еден судар, по што пропушти и три Формула 1 трки, но четирикратниот првак се реши годинава да паузира, а него го заменија Тимо Бернард и Рене Раст.

Германците имаа голема конкуренција од тимот Латинска Америка за кого возеа Хелио Кастроневес и Хуан Пабло Моноја.

Завршивме одлична тимска работа. Знаеме дека Германија има голема и успешна историја овдека на Трката на шампионите. Да бидам искрен, немавме големи очекувања денеска и сакавме само да ја преживееме првата рунда и да натпреваруваме. Сега сме среќни и горди на овој голем трофеј за нас – објасни Бернард по победата.

За неговиот колега од тимот, Рене Раст, оваа победа бил остварување на сонот особено ако се земе дека возеле против возачи од формула 1 и Светскиот рели шампионат.

Целиост настан беше навистина многу забавен и уживав што сум тука и што се тркам против големи ѕвезди од спортот.

Бернард и Раст ги победија домашните фаворити Јазид Ал Раџи и Ахмен Бин Канен во полуфиналето, во исто време кога Кастроневес и Монтоја триумфираа против Том Кристенсен и Петер соверг од Нордискиот тим.

Велика Британија не го мина првото коло, иако Дејвид Култхард и Ландо Норис имаа по една победа во своите трки, но тоа не беше доволно. Американците исто така не минаа од првата рунда, а за нив возеа Индикар ѕвездите Рајан Хантер-Реј и Џозеф Њугарден.

Денеска на програмата е нова трка, овојпат се работи за индивидуалниот натпревар каде Монтоја ќе ја брани титулата од лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ