Тсунода знае што им треба на АлфаТаури

Јапонеот од АлфаТаури, Јуки Тсунода, верува дека екипата треба да се фокусира на одредена област за да не продолжат со пласмани надвор од поетни.

Тој заврши на 11то место зад Алекс Албон, на позиција која не носи поени откако имаше лош старт и се мачеше да престасува со болидот кој има мал отпор. Неговиот колега, Ник де Врис, имаше поинаква трка и заврши на 14то место со круг зад лидерот,а на крајот искористи од промената на гуми на Жу за да постави најбрз круг.

мислам дека почетокот беше некако одлучувачки, загубив неколку позиции во првиот круг и беше тешко да се задржи ритамот. сеуште сме далеку од ритамот кој го сакаме, возев зад болиди и многу лизгав прегревајчи ги гумите.

ни треба грип и се надевам дека ќе го развиеме болидот низ сезоната со носење новини до последната трка – побара тсунода.

АТ04 требаше да биде далеку посилен од својот претходник откако тимот најави дека ќе ги отстрани ланските проблеми, но болидот страда од недостаток на праволиниска брзина поради големиот отпор.

во моментов сме околу 12 кмч зад вилјамс без дрс, а тоа е многу. имаме премногу отпор, а во исто време немаме грип за да надоместиме низ кривините. ни треба или грип или помал отпор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ