Турција и Португалија се борат за празното место на Виетнам

Вчера беше промовиран календарот за наредната година, но се појави празнина во викендот кога требаше да се организира трката за Големата награда на Виетнам, планирана низ улиците на Ханои, но истата е откажана. 

Викеднот од 23 до 25 Април требаше да се одржи трка во Ханои, но тоа нема да се случи. Формула 1 експертот Џо Савард, верува дека во Формула 1 веќе размислуваат помеѓу Турција и Португалија за пополнување на таа празнина. 

Формула 1 се надева дека ќе најде промотер да плати за трка и мое мислење е дека тоа се Турција или Португалија.

Не се зборува за трка во Германија и покрај успехот на Мерцедес. Хокенхајм и Нурбургринг немаат доволно пари.

Трка во Мајами нема да се случи со новиот градоначалник кој е против тоа и води спор со промотерите на трката – појасни савард.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ