Портимао го сака местото на Сочи

Шефот на португалскиот автодром крај Портимао е во преговори со Формула 1 да го пополни празното место на Русија на календарот. 

Формула 1 најави дека не е можно Русија да организира трка откако тие направија инвазија на Украина. Во изјавата немаше збор откажана туку трката беше само суспендирана. Во вторникот беа појаснети работите дека трката е откажана од присилени околности. 

Има доста патеки кои сакаат да го заземат местото на Руското Гранд При, а Портимао е меѓу нив. Алгавре беше дел од корона календарот во 2020 година и повторно во 2021 година, но оваа година трката беше изоставена. 

Шефот на Портимао, Паоло Пињеро, изјави дека очекуваат промени. 

Преговараме со Формула 1 како замена за една трка. Се зависи од логистиката. 

Но се чини дека тие логистички работи може да ја вратат Сепанг на календарот. Малезија го изгуби местото поради високите трошоци и намалениот интерес. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ