Виетнам се подалеку од својата Ф1 трка

Уличната трка во Ханои која требаше да се случи во 2020 година, но беше откажана официјално поради Ковид-19 пандемијата, се нема вратено во календарот од тогаш, а надежта дека Формула 1 ќе се трка во државата со најголема стапка на развој во Азија е се подалеку затоа што 600 милиони долари вредниот проект е напуштен.

Земјата потпиша 10-годишен договор за трка уште во 2018 година, не се појави на календарот следната 2019 година, а нити година потоа кога изби пандемијата.

Како што пренесува RacingNews365.com, безбедносните системи, електрониката за контрола на трката и ТекПро бариерите веќе биле продадени на други патеки додека заштитна ограда долга 1.500 метри од швајцарски Геобруг ќе биде продадена на Формула Е организаторот во индиски Хидербад. Трибините исто така се отстранети, а локалните жители почнаа да ги користат патиштата околу патеката како локални.

Одржувањето на патеката во Ханои го чинеше Виетнам 60 милиони долари годишно и сето тоа со цел дополнително да се раздвижи ионака силно растешката економија во Виетнам. Годишниот износ требаше да го плаќа ВинГруп, најголмиот холдинг во земјата.

По откажаната трка во 2020 година, судбината на настанот беше неизесна, особено што неодамна Градоначалникот на Ханои и движечката сила во проектот, Нгујен Дуе Чунг беше уапсен и осуден 10 години затворска казна за корупција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ