Фановите ги избраа најдобрите 5 трки од 2021

Фановите на Формула 1 ги одбраа своите пет најдобри трки што се одржаа во текот на сезоната во 2021 година.

Годината преполна со акции дојде до возбудлив заклучок минатиот месец во Абу Даби, каде Макс Верстапен од Ред Бул го победи Луис Хамилтон од Мерцедес за титулата. Големата награда на Абу Даби се наоѓа на листата, но не е на првото место во анкетата спроведена на над 52.000 фанови на Формула 1.

19 проценти од испитаниците го наведоа Италијанското Гранд При како трка на годината, на која Мекларен се врати на највисокото скалило на подиумот за прв пат од 2012 година. Во бурната трка во Монца, протагонистите за титулата Верстапен и Хамилтон се судрија, при што и двајцата беа елиминирани од трката.

Нивниот возбудлив пустински дуел во Абу Даби беше втор на листата со 16 проценти од гласовите.

Трката за Големата Награда на Сао Паоло беше трета, каде што Верстапен и Хамилтон се бореа за водство, а вториот излезе на врвот.

Првата победа на Серхио Перез во Ред Бул во Азербејџан беше четврта, при што тој победи по откажување на пневматиците на Ленс Строл и Верстапен и скапа грешка за Хамилтон при рестартирање на крајот на трката.

Петта на листата беше Унгарија. На таа трка се случи бизарен момент кога Луис Хамилтон беше единствениот возач стартуваше на стартните светла откако секој друг болид премина на гуми за суво време, пред Естебан Окон да стигне до својата прва победа во Ф1.

Топ пет трки од 2021 година:

  • Гран при на Италија – 19%
  • Гран при на Абу Даби – 16%
  • Гран при на Сао Паоло – 10%
  • Гран при на Азербејџан – 8%
  • Гран при на Унгарија – 7%

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ