Фелипе Другович е новиот шампион во Ф2

Фелипе Другович ја освои титулата на ФИА Формула 2 првенството во Монца и покрај тоа што во првиот круг се повлече од спринтерската трка, додека победата во истата ја освои Јури Випс.

Трката на бразилскиот возач на MP Motorsport беше завршена по само 5 свиоци по судир со Амари Кордел во кој ја скрши својата суспензијата. Иако тој остана во боксот само за да ја следи трката во Италија, на крајот задоволството беше очигледно за младиот возач по неговата прва титула во третата сезона во Ф2.

Но, со оглед на тоа што ривалот за титулата Тео Поршер заврши на последното место, откако во 14-тиот круг додека се обиде да го помине Лиам Лосон за десетто место пред и доби казна, Другович ја освои титулата поради сега веќе и математички недостижната предност во првенството.

Тој е првиот бразилец кој ја освоил титулата во оваа серија, откако Бруно Жункеира ја освои титулата F3000 во 2000та година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ