Ферари демантираат дека ја намалиле силата од моторот во Канада

Матиа Биното, тимскиот шеф на Ферари, откри дека тимое намерно не ја намалил силата на својте мотори за време на Канадското Гранд При со цел истите да не откажат повторно.

По силниот старт од сезоната, во Ф1-75 се појавија проблеми со издржливоста кои им го уништија сјајниот старт на првенството, а Шарл Леклер не заврши два пати на трете трки пред Монтреал. Алфа Ромео и Хаас исто така се во проблеми и прашање на време е кога ќе добијат казни поради прекумерна употреба на делови од агрегатот.

возевме со целосна моќ од моторот во канада затоа што не очекуввме да се повтори она што ни се случи во баку поради фактот што дефектот се случи сосема неочекувано и на многу малку километри со спорната турбина која откажа. донесовме целосно нов мотор кај шарл за да му дадеме простор да мине доста трки со него.

доколку нема работи кои не ги разбираме, сметам дека следните неколку трки нема да имаме проблеми и се ќе биде под контрола – посочи биното.

Со свеж мотор на располагање, Биното смета дека Шарл ќе може да надоместува дел од 49те поени предност кој Верстапен ги има пред него.

имаме свежи мотори за следните трки и имаме четири трки до почетокот на летната пауза. за шарл ќе биде важно да напаѓа и да намалува од негативата која ја има во моментов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ