Фетел зачуден од доцнењето на казната

Себастијан Фетел доби казна на трката за Големата награда на Емилија Ромања на Имола, но сепак мораше да чека доста време пред одлуката да биде донесена.

Тој се сомнева дека стујардите биле можеби повеќе зафатени со поправање на машината за кафе од тоа што се случувало на патеката. 

Астон Мартин имаа проблеми пред трката во Имола кога сопирачките на Ленс Строл прегреваа дури и пред напуштањето на боксот. Механичарите започнаа со работа и на болидот на Фетел на гридот кој имаше ист проблем и доцнеа со завршувањето на поправката и монтирањето на тркалата. Болидот на Фетел беше однесен во гаражата каде заврши поправката, но казна беше неизбежна. 

Германецот имаше лош старт со Астон Мартин и при крајот се откажа поради проблем со менувачот додека Строл дојде до поени на седмата позиција, иако доби и казна за претекнувањ енадвор од патеката и официјално дојде до 4 поени и 8ма позиција.

Не знам зошто толку доцнеа иако беше јасно од стартот. Не знам што правеа стујардите, можеби филтерот на апаратот за кафе морале да го сменат.

Механичарите дадоа се од себе и веднаш реагираа на проблемот. Дотогош веќе се знаеше дека ќе имаме казна која ја добивме многу доцна и тоа не е професионално.

Но тоа не ја одлучи нашата трка. Имавме многу проблеми, Добро е што и покрај проблемите Ленс дојде до поени. Имаше среќа и не стартуваше од боксот – вели себастијан.

Фетел нема што многу да додаде околу викендот. 

Немам што да додадам. Поминав време во болидот, но немав резултати. Мора да се поправи во неколку области. Потребен ни е повеќе грип на некои места. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ