Фетел не сакал да се бори со Строл за еден поен

Себастијан Фетел изјави дека немало поента да се бори со својот колега Ленс Строл за еден поен и да направи инцидент во кој би се судриле и би си ја уништиле трката. 

Двојката се бореше при крајот на трката за последната позиција која носеше поени. Фетел ја помина финиш линијата на 11та позиција, но не се откажа до последен момент поради бавниот излез од последниот свиок на Строл. 

Имав шанса да го поминам Ленс во последниот круг. Бев малку побрз, но не вредебше да се бориме за еден поен бидејќи резултатот за тимот ќе беше ист – посочи четирикратниот првак.

Инцидентот беше крај на фрустрирачкото попладне на Фетел каде тој заглави во гужва во текот на трката. 

Целото попладне беше фрустрирачко. Бев заглавен во сообраќај во текот на трката. Стратегијата не ми помогна многу, но мислам дека немавме шанси затоа што Немав доволно грип. Болидите пред нас беа тука и не исчезнуваа како претходно. 

Строл имаше силен старт, но инцидентот со Фетел не му помогнал и морал да ги чува гумите на крајот. 

Во првиот круг знаев дека ме чека добра трка. За малку ќе го стигнев Окон во 9от свиок и тоа беше важно со таков добар старт. При крајот имав можност да го стасам и Рикардо.

Треба да продолжиме со ваквиот тренд и да се бориме за напредок. На крајот погрешив бидејќи се мачев со гумите. Имав добра борба со Себ и тоа е најважно за да донесеме поени за тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ