Фетел: Добрата форма не се должи само на новото крило

Себастијан Фетел вели дека новото задно крило на Астон Мартин не било единствената причина зад неговото охрабрувачко седмо место на вториот тренинг на Гранд При на Унгарија.

Тимот со седиште во Силверстон во петокот во Будимпешта воведе многу интересен дизајн на крилото, откако навидум најде дупка во формулацијата на прописите и доби зелено светло од ФИА да продолжи со својата нова интерпретација. Фетел посочи дека крилото не претставува масовен чекор во перформансите и додаде дека тимот бил поагресивен од вообичаено со својот петочен план за возење.

Со други зборови, со оглед на тоа што во сабота се очекува дожд, болидот работел со пониско гориво од вообичаено, можеби помагајќи кон позицијата на германецот во поредокот. Сепак, неговата очигледна брзина го привлече вниманието на ривалските тимови кои беа изненадени од дизајнот на крилата. За споредба, Фетел беше 12ти, 13ти и 13ти соодветно во последните три Т2 сесии, а беше четврти во истата сесија во Монтреал.

Генерално, тоа беше добар ден за нас. Немавме никакви проблеми, можевме добро да го почувствуваме болидот. Сè уште има работа и некои елементи што треба да се подобрат.

Очигледно, ова е патека на која се обидувате да ја имате целата потисна сила на болидот колку што можете. Очигледно, има ново задно крило, тоа не е тајна, но Тоа не е голем чекор во перформансите. Мислам дека го прави тоа што се очекуваше.

веројатно бевме малку поагресивни од другите во петок. Така да, генерално, добро е да се види дека тимот се обидува да размислува за работи и решенија, но секогаш посакувате тие да имаат поголемо влијание – смета четирикратниот првак.

Астон се мачеше на неодамнешните влажни квалификациски сесии во Монтреал и Силверстон, а Фетел призна дека тимот ќе мора да заврши подобра работа на Хунгароринг во Сабота.

Ќе видиме колку ќе биде влажно. Очигледно би било штета да биде толку влажно што нема да може да возиме. Но да, ако е влажно, тогаш мислам дека навистина треба да ги подобриме нашите перформанси во споредба со последните два пати кога имавме влажни квалификациски сесии.

Значи, малку домашна работа и подготовка, но засега мислам дека беше добар почеток на викендот.

Запрашан што би можел да направи тимот во текот на ноќта, тој рече:

Очигледно ќе се обидеме да го направиме болидот побрз. Мислам дека можеме, знаејќи дека во недела е суво, најверојатно тоа е главната вежба, но и да се подготвиме за сабота колку што можеме, знаејќи дека доаѓа дожд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ