Фетел опција за замена на Строл

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, посочи дека и Себастијан Фетел е во конкуренција за да го замени повреденот Ленс Строл на првата трка од овогодинешната сезона.

Крак потврди дека прва опција секако и сеуште е Ленс, но доколку тој не успее да се опорави, една од алтернативите е и четирикратниот првак и до лани “шофер“ на екипата, Себастијан Фетел. Официјална прва резерва на тимот е Формула 2 првакот Фелипе Другович кој тестираше во Бахреин минатите денови.

Доколку проблемите на Строл се покажат потешки и потребно е тој подолго да отсуствува, Себ ќе има повеќе време да се подготви за повторен вле зво зелениот болид откако се повлече на крајот на минатата година по 299 Гранд При стартови зад себе. 

Крак потврди дека разговарал со Себ за негово евентуално враќање во болидот, иако не потврди дали возачот се зложил за нешто такво.

неколку пати разговарав со себастијан, но така беше и лани и останавме пријатели и годинав. сепак, нема да ви кажам дали тој се согласи да се врати кај нас да се трка доколку тоа е потребно – таинствен е крак.

Запрашан дали доколку Ленс Строл не успее да се ооправи и за Саудиското Гранд При кое е второ во календарот, Фетел ќе добие повеќе време да се опорави, Крак остави простор за германецот.

ова прашање е премногу хипотетичко. прво морам да кажам дека нашиот план секогаш е да го имаме ленс во болидот и ќе продолжиме да ја следиме неговата ситуација, а по бахреин ќе зборуваме за цеда. тоа е тоа.

не заборавајте дека фетел имаше многу темелен план за своето повлекување и тоа мора да се почитува. само времето ќе покаже што ќе се случи.

Во врска со ситуацијата на својот возач, тимскиот шеф повторно е таинствен и не открива ништо.

искрено не знам во овој момент. тој секогаш е наша прва опција и јасно е дека го сакаме во болидот, но мораме да почекаме да видиме што ќе кажат докторите. има одредели одложувања во врска со она што треба да го досравие до фиа и ќе го почитуваме тоа. ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во деновите кои следат. слично како во фудбал кога ќе се повреди некој играч, се чека до последен момент пред конечна одлука.

за планот б ќе одлучиме, имаме повеќе планови б, но ќе одлучиме кој ќе го одбереме доколку планот а не успее. едноставно е, ќе видиме дали тој може да вози, по потоа ќе дискутираме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ