Фетел потврди дека заминува од Ф1 на крајот од сезоната

Себастијан Фетел потврди дека планира да се повлече од Формула 1 на крајот од оваа тркачка сезона.

Поранешниот четирикратен првак гообјави ова преку својот новоотворен Инстаграм профил денеска во пресрет на Унгарското Гранд При. Тој дебитираше во врвната моторспорт тркачка серија во 2007 година, а врвот го достигна како возач на Ред Бул од 2010 до 2013 година кога освоија четири последователни титули. Направи трансфер во Ферари во 2015 година, а во пресрет на почетокот на минатата сезона премина во Астон Мартин.

Со ова се отвор одлично место за некој нов возач крај Ленс Стрл во фабричкиот Астон Мартин тим.

одлуката да се повлечам беше многу тешка за носење и минав многу време во размислување. на крајот на годната сакам повеќе да се посветам на други работи, сакам да решам на што ќе се посветам следно. јасно е дека за мене како татко, сакам да минувам повеќе време со семејството.

но денеска не велам збогум, туку велам благодарам на сите фанови без кои немаше да ја добијам страствената поддршка во формула 1 – напиша себ.

Дебито на германецот во најпрестижната тркачка серија се случи во Америка во 2007 година кога доби шанса на една трка за БМВ пред да добие унапредување во возач на Торо Росо на средина од годината. Стана најмлад победник ана трка следната 2008 година кога победи со Торо Росо, за да следната година мине во Ред Бул каде стигна до најголемите успеси.

Како член на Ферари во 2017 и 2018 година беше во комбинација за титула, но загуби два пати од Луис Хамилтон и Мерцедес, така што на крајот од 2020 година го напушти Маранело.

сакам од се срце да му заблагодарам на Себастијан за одлината работа која ја направи во астон мартин минатиот период. јасно му ставивме до знаење дека сакаме заеднички да продолжиме и следнат година, но тој го направи тоа што сметаше дека е испрвно за него и секако дека ние ќе ги почитуваме тоа.

извозе феноменални трки за нас, а во фабриката неговото искуство во работа со инженерите беше непроценливо за тимот.

тој е еден од најголемите возачи во формула 1 и беше привилегија да го имаме кај нас. ќе продолжи да се трка во нашиот болид од абу даби што ќе биде негова 300та гранд при трка. ќе му приредиме одлично збогување – посочи лоренс строл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ