Фетел рано направил грешка и морал да форсира

Себастијан Фетел призна дека тој ќе освоел повеќе поени во Франција доколку рано не направел грешка.

Фетел и Строл ги освоија финалните позиции кои носат поени на Пол Рикар откако мораа да се оправаат во лошата трка.

Германецот стартуваше од 12та позиција и се обиде да направи алтернативна стратегија  стартувајќи на хард гуми за долга прва серија. Но, иако тој имаше добар напредок, имаше мал проблем во долг десен свиок кој го чинеше доста. 

Моравме да пробаме нешто различно и мислам дека тоа работеше. Имав мал проблем во првата серија. Беше доста ветровито и болидот не беше стабилен. Форсирав и мислам дека претерав. Дококлу не беше тоа ќе освоев повеќе поени – призна себ.

Фетел ја заврши трката на 9та позиција со заостанување од неколку секунди зад Даниел Рикардо од Мекларен, Пјер Гасли на АлфаТаури и Фернандо Алонсо од Алпин. 

Мислам дека бевме силни. Не сме навикнати на болидот, но мислам дека тимот е добар и Се обидуваме да напредуваме.

тесно е и очекувавме повеќе поени, Но ќе повторам дека бевме добри. Се боревме со АлфаТаури и Алпин. Беше долга година и се надевам дека ќе сме подобри. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ