Фетел се поудобен во болидот

Себастијан Фетел е се поудобен во болидот на Астон Мартин откако за прв пат ги возеше новите делови на Шпанското Гранд При во Петок.

Четирикратниот првак не успеа да освои поени на првите три трки од сезоната борејќи се со нестабилниот заден дел на болидот кој стана немирен со промените на правилата. Но, тимот се надеваше дека со пакетот новини ќе ги решат слабостите, аероинамички пакет кој го користеше само Ленс Строл во Португалија, а Себ прв пат вчера и тоа му донесе 8мо место на Т1 и 11то место на Т2.

јасно е дека ова е различна патека со различни услови, но општо гледано се чувствувам поудобно, е изгледа подобро, чекор напред и одлично е што така го почнав викендот. ќе се обидеме дополнително да го подобриме пакетот затоа што средината на поредокот е многу густа и се е важно. трката е долга и тешка по гумите, така што имаме уште работа – најави себ.

Неговиот заостаток во однос на Луис Хамилтон беше осум десетинки, а со конкурентите од Алпин, АлфаТаури, Ферари и Мекларен помалк од половина секунда. Судејќи по петочните времиња, ќе има силна борба за К3 во Сабота, а Себ цели втора трка по ред да се најде во последниот квалификациски сегмент.

таму целиме сега и мислам дека ако се е како што треба ќе стигнеме до последниот квалификациски сегмент. но, ќе биде тешко, густо и блиско. има многу болиди кои се борат за тие позиции и треба да се ставиме во колку што може подобра позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ