Фетел ја објасни промената на позиции во Унгарија

Себастијан Фетел изјави Астон Мартин му ја промениле позицијата со Ленс Строл за да му дадат шанса да го стигне Естебан Окон од Апин кој во тие моменти беше пред нив. 

На последните две трки. Астон Мартин има еден возач во поени и еден надвор од нив. Строл заврши на 11та позиција откако ја промени позицијата со Фетел по барање на тимот. Себ објасни дека имал шанса да го предизвика Окон за 9та позиција, но не успеал во тоа и завршил со само еден освоен поен. 

Имавме шанса да се бориме за поен и во еден момент можев да се борам со Естебан. Тимот одлучи да ги промени позициите за да имам подобра шанса да го нападнам Естебан, но немав доволно време. Беше интересна трка со доста борби и престасувања – смета четирикратниот првак.

Фетел стартуваше од 18ра позиција, а Строл 4 места пред него по лошите квалификации за екипата.

Темпото на трката беше задоволително и имавме подобри перформанси од саботата. 

Трката на Строл беше добра се до моментот кога Рикардо го удри. Австралијанецот доби казна од 5 секунди за сударот, а Строл го прифати објаснувањето на Рикардо дека немал грип со хард гумите. 

Мислам дека извозев одлична трка. Во последниот стинт бев на софт, а Себ беше на медиум бидејќи немав други медиум и морав да ги менаџирам.

Софт беше погрешен избор, но немав друг. Разбирам дека Рикардо случајно ме удри бидејќи немаше грип и тоа се случува. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ