ФИА го одобри буџетот и новите правила

Светскиот Мотор Спорт Совет на ФИА и официјално ги одобри промените во правилата на Формула 1 за 2020 година и во иднина.

Најзначајна вест е потврдата на новото ниво на ограничениот буџет кој ќе започне од 2021 година. Во првата година истото ќе изнесува 145 милиони долари, 140 милиони долари за 2022, а потоа 130 милиони долари за следните три години, основано на 21 трка во сезона.

Во правилата е воведен услов за одржување на затворени трки без фанови, а на тимовите ќе им биде дозволено да имаат 80 членови на трките, од кои 60 ќе имаат дозвола да работат во гаражата во еден момент.

Следните технички правила се потврдени:

  • Замрзнување на голем број на компоненти помеѓу 2020 и 2021 година. Листата го вклучува следното: шасијата, менувачката кутија, механички компоненти и структурите за судар. Систем на токени ќе дозволи ограничен развој и модификации за специфични потреби.
  • За 2020, ограничување на подобравања на моторите
  • Од 2021 година, промена на подот и поедноставување во делот пред задните тркала со цел да се контролира зголемувањето во потисна сила од 2020 и 2021 година.
  • За 2021, минимална тежина од 749 килограми

Следните спортски правила се потврдени:

  • За 2020 година, правило за затворени и отворени настани и дополнителни правила за лицата во падокот, зависно дали настанот дозволува гледачи
  • За 2020, повеќе новини поврзани со правилата за пневматиците, со дозвола за тестирање на пневматици во Т2 доколку е потребно да се одобри нова спецификација од Пирели
  • За 2020, намалување на аеродинамично тестирање и воведување на рестрикции над тестовите на моторите поради финансиски причини
  • За 2021 година, дополнително намалување на аеродинамично тестирање и воведување на сооднос помеѓу позиција во првенството и аеродинамичните тестови
  • За 2022 година, голем број на специфични правила, вклучувајќи полициски часови, ограничени компоненти, хомологација. Овие правила ќе бидат дел од пакетот за техничките правила во 2022 година, а ќе подлежат подобрување во текот на 2020 и 2021 година.

Покрај ограничувањето, следните промени се потврдени во финансиската регулатива за 2021 година:

  • Зголемување на годишниот бонус за значителни спортски резултати од 10 на 12 милиони долари и социјални давачки при годишен бонус
  • Нивото за исклучок на социјалните давачки од платата е намалено од 15 на 13.8 проценти
  • Трошоци за забава на вработени ограничени на 1 милион долари
  • Здравјето на вработените: исклучок на трошоци поради здравствени програми (вакцинација, очен тест и слично)
  • Трошок за издржливост поради иницијативи поврзани со природата
  • Боледување е исклучок од трошоците за плата
  • Проекти поврзани за помош на ФИА

Дополнително, ФИА донесе одлука и околу контроверзното снабдување на делови од тимовите кон нивните клиенти.

  • Да се овозможи на помалите тимови да ја избегнат потребата за дизајнирање, развој и производство на делови кои се сметаат за преносливи
  • Забрана за размена на проекти со цел избегнување на ограничувањето
  • Да се овозможи на помалите тимови да обезбедат значителни заштеди

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ