ФИА и официјално ја почна постапката за нова екипа

ФИА и официјално и формално почна постапка за идентификување на заинтересирани екипи кои сакаат влез во Формула 1.

Новата екипа ќе може да се приклучи на гридот најрано во 2025 година, а изборот може да биде и на следните две. Од Федерацијат посочиај дека почнале постапка за идентификување на една до две екипи кои сакаат да се дел од тркачката серија.

Клучно за влез во најпрестижната тркачка серија на светот ќе бидат техничките можности и ресурси на тимот како и можноста да се напредува и да се задржи соодветно финансирање во шампионатот на конкурентно ниво.

Крајниот рок за поднесување на интерес од страна на екипите е последниот ден од Април, а одлука ФИА треба да донесе до крајот на Јуни.

Главниот извршен директор на тркачката серија, Стефано Доменикали, заедно со шефовите на најголем дел од екипите, се против нова екипа, најмногу поради разводнување на приходите од наградниот фонд.

Андрети веќе цела година притиска и бара начин за влез во спортот, а минатиот месец официјално потврдија партнерство со Кадилак, бренд на Џенерал Мотор.

Ауди и официјално потврди дека од 2026 година станува дел од гридот во соработка со Заубер Груп.

растот и допадливоста на формула 1 е на врвно ниво. фиа верува дека условит есе исправни за заинтересираните страни кои ги задоволуваат критериумите, да изразат формален интерес за влез во серијата.

за прв пат во историјата, како дел од условите за избор, бараме од кандидатите да покажат колку ќе ги задоволуваат критериумите на фиа за одржливост и како ќе остварат позитивен социјален впечаток преку спортот.

овој процес е логично продолжување на позитивното прифаќање на новит еправила за моторите од 2026 година кои ги привлекоа ауди во формула 1 и создадоа интерес и кај други производители – објасни мохамед бен сулајем, шефот на фиа.

Актуелниот спортски правилник дозволува до 12 тимови да бидат дел од гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ