ФИА најавува многу мали разлики помеѓу најбрзиот и најбавниот

Во ФИА веруваат дека разликата помеѓу најбрзиот и најбавниот на гридот ќе биде многу мал во сезоната во која претстои.

Николас Томбазис, човекот задожлен за новата регулатива, откри оти се надеваат дека разликите во времето по круг помеѓу најбрзиот и најбавниот ќе биде доста мала. Формула 1 има револуционерни правила годинава, а екипите целат на многу поблиско тркање со новиот дизајн, иако на почеокот, како и секогаш со нова регулатива, некој може да доминира.

Томбазис смета дека и покрај тоа што може да има големи разлики на самиот почеток, на крајот ќе дојде до изедначување и мали разлики помешу екипите.

тешко е да се замисли како можеме со првата гдина од новите правила да бидеме подобри од ова извонредна сезона која е зад нас. важно е да ги постигнеме двете цели кои ги поставивме, да го згуснеме поредокот, односно болидите да се поблиску еден до друг и да го направиме следењето полесно.

во моментов, најбрзиот и најбавниот ги далат некои три секунди по круг, а се надеваме дека до крајот на 2022 година, таа разлика ќе биде преполовена – изјави томбазис во своето интервју за германски Auto Motor und Sport.

Иако Николас е свесен дека некои екипи може да бидат надмоќни на самиот почеток, сепак, како творец на новата регулатива, смета дека правилата се напишани на начин за да ги поедноставнат болидите и да ги ограничат “сивите“ зони. 

болидите многу брзо ќе се изедначат затоа што ќе стане јасно што е добро, а што не.

Откако му беше посочено она што се случи во 2009 година кога двојниот дифузер му донесе доминација на Браун и лесен пат до титулата, Томбазис посочи дека такво нешто тешко да се повтори, но најави и дека за да се постигнат поставените цели, можно е правилата да се променат “во од“.

целите се правилно постапени како и мерките кои треба да се превземат. грешката во 2009 година беше што на екипите им беше дадена преголема слобода и поради тоа целите се промашија на крајот. овој пат не се исклучува прилагодување на средина од сезоната за да стигнеме до целта.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ